Денес имавме вистинско лето во Октомври, измерени се максимални 30 степени во Македонија!
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво и натпросечно топло време, со вистински летни температури, иако сме Октомври. До 17 часот и тоа според УХМР најтопло беше во Скопје Петровец, Гевгелија и во Кавадарци со измерени максимални 30 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени денес во Македонија и тоа по градови и места, на мерните станици на УХМР.
Утре (петок) како што и претходно најавив, повторно ќе биде натпросечно топло, но со тоа што ќе имаме повеќе облачност, како и појава на локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by