ДЕНЕС И УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА МАКСИМУМОТ НА ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН: Очекуваме температури до 40, 41 степен
Во Македонија денес и утре го очекуваме максимумот на овој топлотен бран од Африка, па така денешниот и утрешниот ден кај нас ќе бидат најтоплите денови досега оваа година. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, тие на повеќе места ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе достигне до околу 40, 41 степен.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и топол југозападен ветер кој повремено и локално ќе биде засилен на интензитет. Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот, исто така да пијат и повеќе течности.

Во Скопје за време на овој максимум на топлотниот бран температурата ќе се искачи до околу 35, 36 степени.
Да напоменеме дека и понатаму од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно, што значи дека температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]

by