ДЕНЕС И УТРЕ (ПЕТОК) ЌЕ ИМА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Можна е појава на краткотрајно невреме
Денес и утре (петок) поради веќе споменатиот продор на малку поладен воздух на висина, во Македонија во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата. Токму ова ќе услови да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес во попладневните часови нестабилноста повеќе ќе ја има во западните предели, додека утре попладне локална нестабилност ќе има и во останатите предели од државава.
Во ваква ситуација, не се исклучува можноста да има и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина, особено утре попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by