ДЕНЕС БЕШЕ ПЕКОЛНО ЖЕШКО, А И МНОГУ МАЧНО И СПАРНО ПОРАДИ САХАРСКАТА ПРАШИНА И ПЕСОК: Во Македонија измерени се максимални 36 степени
Денешниот ден во Македонија беше многу мачен и спарен, и тоа поради Сахарската прашина и песок кои ги имаме во огромно количество, а сонцето денес беше како од под облак.
Најтопло денес во 17 часот според УХМР беше Демир Капија, Велес и во Кавадарци со измерени макаксимални 36 степени, во Скопје максималната дневна температура денес достигна до 35 степени. Да напоменеме дека токму поради спарното време и Сахарската прашина и песок температурите се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.
Во продолжение погледнете ги денешните максимални температури на воздухот измерени и во другите градови и места низ Македонија во 17 часот, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Насловната фотографија е превземена од OHRID1.COM
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by