Декември оваа година ќе биде малку потопол од просекот, врнежите просечни
Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за 0.5 до 1 степен. Врнежите пак овој декември ќе бидат во просекот за истиот месец а тоа значи дека очекуваме нормално количество на врнежи за месец декември.
Да напоменам дека со оглед на тоа дека сме под влијание на ладниот климатолошки феномен ЛА НИЊА можни се исклучоци, односно периоди кога во текот на месец декември ќе имаме и температури под просекот за истиот месец односно да биде поладно од вообичаеното и со многу повеќе врнежи.
Тоа значи дека во текот на месец декември растат условите за појава на снежни врнежи и во пониските предели од нашата Македонија (градовите).
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by