ДАЛИ ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ЈУЛИ НИ НОСИ ГОЛЕМО ОСВЕЖУВАЊЕ, ЧЕСТИ ВРНЕЖИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ?! Погледнете што можеме да очекуваме од времето
По екстремно високите температури на воздухот кој ја зафатија југоисточна Европа, секако влучувајќи ја и нашата Македонија, според моменталните прогностички материјали со кој располагаме, првата половина на месец јули (секако доколку нема промени) се чини дека нема да биде во прилог на оние кои се лубители на плажата и на капењето.
Првата половина од месец јули барем одсега гледано ќе биде со потпросечни температури и со свежо време за првата половина од месецот јули, но и со повеќе врнежи.

На картата можеме да видиме дека освен Македонија, и целиот регион, како и поголем дел од европа во првата половина од јули ќе бидат со потпросечни температури.
Инаку до крајот на месецов останува многу нестабилно и со честа појава на попладневни поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и локални но силни временски непогоди. Останува и понатаму многу топло, иако температурите во следните денови постепено ќе опаѓаат, но тоа ќе биде минимално опаѓање на температурата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by