ДА СЕ НАВИКНЕМЕ НА ПОЧЕСТИ И ПОДОЛГИ СТУДОВИ И НА СЕ ПОВЕЌЕ СНЕГ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ! ТОПЕЊЕТО НА МРАЗОТ НА АНТАРКТИКОТ ЈА ЛАДИ КЛИМАТА ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ!
Изминатиот период сведоци сме на невообичаено студено време за месец април, но и на ЗНАЧИТЕЛНИ врнежи од снег, особено во соседна Србија каде во главниот град на оваа држава, Белград е соборен и Априлскиот рекорд кога се работи за снежни врнежи. Во Белград завчера беа измерени рекордни 19 цм снег и тоа за април месец. На Копаоник пак наврнаа дури половина метар снег.
Кај нас во Македонија пак освен на планините, снег провејуваше и во градовите од западниот и од северозападниот дел од државава.
Токму ова е поради Глобалното затоплување. Истото го топи мразот на Антарктикот, поради тоа доаѓа и до ладење на климата во Европа и на Балканскиот Полуостров. Во иднина во Европа и на Балканот снежните невремиња ќе бидат се почести, а студовите се поголеми и подолги, така е барем според последните направени анализи.
Инаку во следниот период кај нас очекуваме нови локални врнежи од дожд и снег, особено на планините, но и потпросечни температури на воздухот, што значи дека и понатаму ќе биде студено за месец април.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by