ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА УСЛОВУВА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР – ЌЕ ИМА И ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД КОЈ ЌЕ БИДАТ ПОМЕШАНИ СО САХАРСКА ПРАШИНА И ПЕСОК!
Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови од оваа вечер, па во текот на целата седмица која што е пред нас во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини.
До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во вечерните часови денес, како и во текот на ноќта локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер (понекаде овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ).
Температурите до среда и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, иако истите ќе бидат нешто пониски за разлика од оние кои ги имаме до денес и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.
Во Скопје и околината следува променливо време со повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН југоисточен ветер. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени.
До среда во Атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што истата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде помешан со истата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]