ЦЕЛОСНА АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА МЕТЕОРОЛОШКИ ГЛЕДАНО ОВИЕ ДЕНОВИ, КАКО И ЦЕЛ ДЕКЕМВРИ!
Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде само малку потопол од вообичаеното и со речиси просечно количество на врнежи, што значи дека врнежите нема да фалат и не се очекува некоја позначителна суша да ја зафати нашата територија. Секако се очекуваат и се почести продори од север кој би условувале ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, па и врнежи од снег и на пониските места.
Што се однесува до планинските места и Скијачките центри снегот веќе го има и снежната покривка со оглед на ново – очекуваните врнежи овие денови ќе се зголемува.
Најинтензивни врнежи со новиот влажен бран ќе има во југоисточните предели (над 30 л/м2 воден талог).
Температурите нема многу да се менуваат, освен денес и за време на викендот кога ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Времето ќе биде малку постабилно, а нов бран на врнежи ќе има од недела.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, ЗГОЛЕМЕНИ се можностите за промени во анализирањето на времето. Како ќе се одвиваат работите во текот на овој последен месец од оваа година останува да видиме, и секако НАВРЕМЕНО ќе бидете информирани за секоја ново – настаната промена на метеоролошки план.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]