(ЦУК) Во моментов во Македонија се активни 10 пожари на отворен простор

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден, понеделник, 12.08.2024 година, имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 6 се под контрола и 21 се изгаснати.
1. Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
3. Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
4. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
6. Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
7. Општина Кичево 3: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);
8. Општина Кичево 4: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
9. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
10. Општина Кочани: с.Пресека (дабова шума).
ПОД КОНТРОЛА: 6
1. Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);
2. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);
3. Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
5. Општина Липково: с.Никуштак (депонија);
6. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);
ИЗГАСНАТИ: 21
1. Општина Неготино: Црвени Брегови – Пепелешки мост – Дуброво – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
3. Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);
4. Општина Босилово 1: с.Бориево (сува трева);
5. Општина Босилово 2: с.Иловица (ѓубре и сува трева);
6. Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);
7. Општина Кичево: кај Стража;
8. Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);
9. Општина Гази Баба 1: Парк шума Гази Баба (сува трева);
10. Општина Гази Баба 2: с.Трубарево (сува трева);
11. Општина Гази Баба 3: с.Трубарево (3 ТППЕ) (сува трева);
12. Општина Сарај: с.Копаница (2 ТППЕ) (стрниште);
13. Општина Кисела Вода: с.Драчево (3 ТППЕ) (стрниште);
14. Општина Центар: ул.Војдан Чернодрински (сува трева);
15. Општина Могила: с.Српци – с.Беранци (сува трева);
16. Општина Ресен: Депонија (ѓубре);
17. Општина Крива Паланка: нас.Ловачки (сува трева);
18. Општина Струмица: с.Габрово (депонија и сува трева);
19. Општина Куманово 1: Никуљски пат (стрниште и сува трева);
20. Општина Куманово 2: ул.Октомвриска (сува трева);
21. Општина Брвеница: с.Милетино (сува трева).







Занимливости