(ЦУК) СО НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Повторно пожари на отворено во Македонија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден, недела, 25.08.2024 година, имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 3 и изгаснати се 15 .
АКТИВНИ: 2
1. Општина Чашка: место викано Котева Круша атар на с.Оморани префрлен од планина Мукос (мешана шума);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница кај резервоарите од селски водовод (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева).
2. Општина Кичево: с.Цер кон с.Старец (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување)
3. Општина Охрид и општина Ресен: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (тлеат трупци од претходниот пожар), с.Стење и с.Лескоец, Општина ресен (трева и лисна постелка во дабова шума;
ИЗГАСНАТИ: 15
1.Општина Ресен: с.Раица (сува трева и грмушки)
2. Општина Боговиње: Во близина на Нептун Петрол Мотел (сува трева и стриште)
3.Општина Липково: с.Ваксинце (ниска вегетација)
4.Општина Старо Нагоричане: Маало Беле Грамаде кај гробиштата (ниска вегетација)
5.Општина Крива Паланка: с.Конопница (ѓубриште)
6. Општина Македонски Брод: м.в Стојанова населба во с.Слатина ( сува трева и стрниште)
7. Општина Сарај 1: с.Буковиќ (сува трева и ѓубре)
8. Општина Сарај 2: с.Свиларе (сува трева и грмушки)
9. Општина Чаир: бул.Македонски Косовска Бригада (сува трева и ѓубриште)
10.Општина Шуто Оризари: ул.Македонски Косовска Бригада (ѓубре)
11. Општина Арачиново: с.Арачиново (депонија)
12. Општина Прилеп 1: Кај Алфа Ауто (сува трева)
13.Општина Прилеп 2: Кај Алфа Омега (сува трева)
14. Општина Долнени: с.Житоше (сува трева и нискостеблеста шума)
15. Општина Брвеница: с.Волковија (сува трева)
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]