(ЦУК) СО НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Моментално активни се два пожари на отворено во Македонија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден, 26.08.2024 година, имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21.
АКТИВНИ: 2
1. Општина Чашка: Планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);
2. Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста ( ниска вегетација и нискостеблеста шума);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Кичево: с.Цер (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);
2. Општина Охрид: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (4 НП, 6 планинарска служба) (тлеат трупци од претходниот пожар), пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот.
ИЗГАСНАТИ: 21
1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);
2. Општина Карпош 1: пат за Бардовци (ѓубре);
3. Општина Карпош 2: Момин поток (сува трева);
4. Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре);
5. Општина Шуто Оризари: Депонија (ѓубре);
6. Општина Чучер Сандево: населба Голиово (сува трева);
7. Општина Илинден: с.Кадино (сува трева, дрва и бандера);
8. Општина Гостивар: населба Млаки (сува трева);
9. Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);
10. Општина Брвеница: с.Радиовце (сува трева);
11. Општина Радовиш: над с.Подареш (шума);
12. Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);
13. Општина Струга 1: с.Велешта (сува трева);
14. Општина Струга 2: с.Враништа (сува трева);
15. Општина Струга 3: с.Октиси према с.Долна Белица (сува трева);
16. Општина Кичево: населба Ивандол (стрниште);
17. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);
18. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ниска вегетација);
19. Општина Штип: с.Крупиште (ниска вегетација);
20. Општина Берово: м.в.Смојмировско Поле(ниска вегетација);
21.Општина Прилеп: с.Галичани, с.Беровци (ниска вегетација)
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.