ЦУК: Најнови информации за состојбата по обилните врнежи од дожд

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира:

Состојба по обилните врнежи од дожд до 18:00 часот
Кумановски регион
На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките.
Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање.
Во текот на денот екипата на Македонија пат интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип.
На територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен.
Охридски регион
По обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и остнати ЈП од општината. Локалната самоупрва кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул.Железничка, Ариф Мустафа, Аџи Мустафа, Лескајца, Долно Лакочереј и во други делови од грдот во помал обем.
Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми.
Битолски регион
Во Битолскиот регион нема нови врнежи од дожд, реките се вратија во речните корита и се во тенденција за намалување односно нивото на водата е намалено.
На територија на Општина Ресен како резултат на обилните врнежи повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено и во опаѓање.
Во општина Демир Хисар повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено. Пријава за одрон на Патниот правец R-1305 Битола-Кичево кај с. Железнец. Известени МВР ПС Демир Хисар и Македонија Пат. На расчистување интервенира Македонија Пат.
Скопски регион
Во моментов во РЦУК Скопје не се пристигнати пријави за нарушуванье на редовната
состојба во Градот Скопје и неговата околина како последица од врнежите.
Струмички регион
Поради обилните врнежи, нивото на речните корита е зголемен, но не е забележано излевање. Состојбата е мирна
Штипски регион
На територијата на ПО РКОА РЦУК-Штип нема евидентирано нарушување на редовната состојба поврзани со обилни врнежи од дожд.
Велешки регион
На територијата на РЦУК Велес, РЦУК Неготино , РЦУК Кавадарци и РЦУК Свети Николе нема нарушување на редовната состојба, нема излевања на реките.
Тетовски регион
Во северозападниот регион што ги покрива РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар состојбата е стабилна. Има пријава за одрон кај патот Маврово – Дебар од ЈП Македонија Пат е испратена екипа на отстранување на одронот.







Занимливости