Циклон од североисток во Македонија повторно носи невреме!
Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, и понатаму во нашата Македонија ќе имаме многу променливо и нестабилно време. Денес во вечерните часови и околу полноќ, а особено утре (понеделник 12 мај) и тоа од пладневните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално пак процесите повторно можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие утре (понеделник 12 мај) ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by