Циклон од Џенова и низок воздушен притисок ни носат нови обилни врнежи
Под влијание на низок воздушен притисок и циклонска активност со центар над Џеновскиот залив во Македонија до крајот на неделава следува многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за ретка појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во деновите среда 4 февруари 2026 и повторно во петок 6 февруари 2026. На планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег.
И во Скопје и околината следува променливо време со почести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Особено во деновите среда 4 февруари 2026 и во петок 6 февруари 2026 повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
За време на овој период локално ќе наврне значително количество на дожд и тоа над 40/50 литри на метар квадратен дожд. Токму поради ова повторно постои опасност од излевање на реките и од поплавувања во Македонија во следниот период.
Што се однесува до температурите тие насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата во ноќните и во утринските часови а преку ден тие во поголем дел ќе се искачуваат до околу 10 степени а на повеќе места тие ќе надминат и 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by