ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ КОЕ Е ВООБИЧАЕНО ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА!

Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во Македонија и тоа од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во попладневните и во вечерните часови локално врнежите ќе бидат поројни (над 25 л/м2 воден талог), проследени со грмежи и СИЛЕН јужен ветер (над 70 км/час). Овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ кое е вообичаено за летниот период од годината и проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Слаби локални врнежи од дожд ќе има и утре. На високите планини ќе има услови за слабо провејување на СНЕГ.

Потоа од недела до вторник ќе биде стабилно и суво. Барем според последните метео материјали, нови врнежи од дожд очекуваме во среда.

Во Скопје денес особено попладне ќе има услови за нестабилност, проследено со ПОИНТЕНЗИВЕН дожд, силен јужен ветер и со појава на грмежи.

Температурите остануваат пролетно високи и без поголеми промени. Исклучок ќе биде недела кога ќе дува засилен северен ветер и температурите ќе бидат ПОНИСКИ. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. СТУДЕНО утро со слаб мраз ќе имаме во понеделник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени.

Инаку следната седмица повторно очекуваме ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ на воздухот.

НАПОМЕНА: Денес особено попладне и навечер, во случај на појава на НЕВРЕМЕ, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости