ЦИКЛОН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И НЕВРЕМЕ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА!
Под влијание на циклонска активност од југ, и на влажна и нестабилна воздушна маса, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Локално во текот на следната седмица ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2).
И во Скопскиот регион понатаму во следните денови ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е појава и на НЕВРЕМЕ.
Апелираме во случај на појава на НЕВРЕМЕ и на електрични празнења, како и на силен ветер, граѓаните да бидат ПРЕТПАЗЛИВИ.
Температурите ќе бидат без поголеми промени, и во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by