“ЧУДОВИШТЕТО ОД ЦИКЛОН” УДИРА ВО РЕГИОНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВААТ СНЕЖНА БУРА, ПОПЛАВИ И ОЛУЕН ВЕТЕР ДО 90 КМ/ЧАС!

Целиот регион е под закана од МОЌНИОТ циклонски систем од запад кој го нарековме “ЧУДОВИШТЕ ОД ЦИКЛОН”. Истиот во регионот веќе условува дожд и многу ветровито време. Интензитетот на врнежите понатаму ќе се зголемува и локално во следниот период се очекува воден талог од дури повеќе од 200 литри. Токму поради ваквата состојба очекуваме да има и ПРОБЛЕМИ (ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Ќе дува ОЛУЕН ВЕТЕР со брзина и до 90 км/час, понекаде и повеќе. Олуен ветер се очекува и кај нас во Македонија. Во Македонија исто така се очекува МНОГУ ДОЖД (во западните предели локално и над 80 л/м2. Можни се локални ПОПЛАВИ (КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ)! 

Во регионот, особено во Словенија, Хрватска и во Босна, со продорот на студен воздух од север ќе има и снег. Поради зголемениот интензитет на врнежите, снегот исто така би можел да прави проблеми, особено на планинските места.

Кај нас од понеделник и тоа на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. До тогаш ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овој дел од годината и Сахарска прашина и песок во Атмосферата.  

Температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот. Од понеделник па натаму истите ќе бележат тенденција на ПАД и тоа поради продорот на студен воздух од север. Треба да се напомене дека поради заладувањето, провејување на снег би можело да има понекаде и во градовите и тоа особено на северот од Македонија.

Да препорачаме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и поради ОЛУЈНИОТ јужен и југоисточен ветер кој се очекува понатаму. Препорачуваме да нема движење со чамци низ Охридското, Преспанското и Дојранското езеро и тоа поради големите бранови кој се очекуваат, особено во Охридското езеро каде ветерот ќе биде најсилен.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости