ЧУДОВИШТЕТО ОД ЦИКЛОН” И СЕ ПРИБЛИЖУВА НА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ! СО СЕБЕ НОСИ ОЛУЕН ВЕТЕР, ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ И СНЕЖНА БУРА!
Моќниот циконски систем од запад полека му се приближува на регионот и на Македонија и истиот веќе започна да влијае на времето кај нас и тоа условувајќи СИЛНО НЕВРЕМЕ во Далмација, Хрватска. Слаби локални врнежи има и во западните предели од Македонија.
Од денес ќе започне да засилува јужниот и југоисточниот ветер кој би можел да прави ПРОБЛЕМИ понатаму. Особено за време на викендот и во текот на следната седмица во регионот и кај нас во Македонија ќе има чести и ОБИЛНИ врнежи од дожд кој би можел да услови и локални ПОПЛАВИ, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Со продорот на студен воздух од север, во регионот и тоа особено во Словенија, Хрватска и Босна се очекуваат и ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ врнежи кој би можеле да прават исто така проблеми. Особено на планинските места се очекува и ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА.
Кај нас во Македонија врнежи од снег барем засега ќе има само на планините, но постои ОПАСНОСТА од локални ПОПЛАВУВАЊА поради очекуваните ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој ќе бидат проследени со СИЛЕН ветер од јуже и од југоисточен правец.
Температурите остануваат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и максималните дневни понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени, додека пад на истите се очекува од понеделник па натаму.
НАПОМЕНА: Поради СИЛНОТО јужно и југозападно воздушено струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, како што е случајот денес. Исто така со овој моќен циклон, зголемен е ризикот од можни поплави и во регионот каде локално се очекува да наврнат над 100 л/м2 воден талог, во Македонија и над 40 – 50 л/м2 воден талог за кратко време.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]