Четврток (1 мај) топло, ветровито и сончево – попладне услови за ретка појава на дожд!
Во четврток (1 мај) времето во Македонија ќе биде топло и сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните и во раните вечерни часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, во Скопје и околината максималната температура за 1 мај ќе се искачи до околу 25/26 степени.
Сепак мора да напоменам, наутро ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]