Божиќните празници ќе ги поминеме во знакот на значително потопло време – Температурите натпросечно високи!
За време на претстојните Божиќни празници територијата на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, која ќе услови позначителен пораст на температурите кои ќе бидат натпросечно високи, а исто така ќе има и многу сончеви периоди. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.
По котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено изразена во ноќните и во утринските часови.
И во Скопскиот регион за време на претстојните Божиќни празници ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, додека во пониските предели од котлината ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено изразена во ноќните и во утринските часови.
Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат и за некој степен над 15 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -3 до 4 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 12 степени.
Само да напоменам дека во текот на ноќта вторник кон среда, особено во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Почитувани мои: Ви посакувам Среќни Божиќни празници, со желба за многу здравје, среќа, лубов и напредија во секое поле од вашиот живот. Преубав помин!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by