И во оваа прва седмица од новата 2023 година продолжува стабилното, суво и натпросечно топло време. Особено топло ќе биде на повисоките места и планините, додека по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Во местата до магла и со ниска облачност температурите ќе бидат пониски.
Инаку температурите и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Ќе биде претежно тивко.
Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 8 степени. Потопло ќе биде во среда кога температурата ќе се искачи до околу 11 степени.