БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: Доаѓа многу поладен период, кога зимата ќе ни го зададе својот прв сериозен нејзин удар!
После подолготрајниот период на натпросечно топло време за месец Октомври, во првата декада од Ноември зимата ќе ни го зададе првиот сериозен нејзин удар. Имено, поради продор на многу поладен воздух од Арктикот према Европа и Балканот, температурите во првата декада од Ноември месец ќе бидат потпросечни.
Особено студено време ќе имаме наутро кога температурите понекаде ширум Балканот, па и во Македонија ќе се спуштаат и до околу -10 степени. Значително пониски ќе бидат и максималните дневни температури, па така на многу места тие ќе бидат околу, а понекаде и под 10 степени.
&
Се на се, и порај овој многу ладен воздух кој од Арктикот ќе продре до нашите краеви, сепак ќе имаме многу суво време, што значи дека ќе имаме сув студ.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by