БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Влажниот и студен бран продолжува во Македонија, ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка!
Влажниот и студен бран од север во Македонија ќе се задржи и до крајот на денешниот ден (недела). Ќе имаме облачно и студено време со повремени врнежи од дожд кој повремено на повеќе места ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат нови над 30 литри воден талог.
На планините, како и на повисоките места, особено во западните предели од Македонија врнежите ќе бидат од снег, каде ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка. Снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти до околу, а можно е и под 1000 метри надморска височина. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 5 степени.
Апелирам, доколку патувате кон планинските превои да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради продолжувањето на врнежите од снег се до крајот на денешниот ден.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]