Бел Божик ќе имаат Скијачките центри и останатите планини: Ќе има формирање на позначителна снежна покривка (понекаде и над 20 сантиметри!
Циклонот со центар над Јадранот полека ја зафаќа нашата територија, па така од следните часови ќе започнат и врнежите.
- Почитувани мои, со силниот циклон со центар над Јадранот, до понеделник навечер на планините и на повисоките места се очекува формирање на снежна покривка и тоа особено во западните и во северозападните предели. На Скијачките центри се очекува да се формира позначителна снежна покривка (локално и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе). Помала снежна покривка ќе се формира и на повисоките населени места, а локално провејување на снег со слаб интензитет во понеделник попладне и во вечерните часови очекуваме и во градовите. “Бел Божик” на планините! Од вторник сув студ!
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Променливото време продолжува и во почетокот на новата работна седмица. Утре (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така во вторник ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно [...]