БАЛКАНОТ НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НЕВРЕМЕ И ВО МАКЕДОНИЈА!

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Средоземјето, над Италија а потоа и над Јадранското море, и во следниот период во Македонија продолжува променливото и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови па натаму ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во Скопје и околината исто така продолжува нестабилното време, а во делови од котлината ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите речиси насекаде ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и малку над 25 степени, што значи дека сеуште нема никаква најава за првиот изразен топол Африкански бран, и за истиот ќе се изначекаме.

Инаку целиот регион е зафатен со интензивни дождови, а особено во Хрватска и Босна  има и поплави, каде во делови од овие држави има и евакуација на граѓани. Интензивните врнежи ќе продолжат и понатаму, а овие поплави се само почеток. Низ целиот Балкански Полуостров понатаму е можно и ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Од друга страна пак, во Алпскиот регион има интензивни снежни врнежи, вистинска снежна бајка и владее вистинска зима во мај.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 

 

 








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]