Арктичкиот ладен воздух полека патува и се спушта кон југоисточна Европа, а со тоа и кон Балканот!
Во моментов на северот и на североистокот од Европскиот Континент е многу студено, каде температурите понекаде се спуштаат и близу -10 степени, а ќе биде и уште постудено во следниот период.
Исто така, во првата декада од месец Ноември Арктичкиот воздух полека ќе се спушта кон југоисточна Европа, а со тоа и кон Балканскиот Полуостров.
Особено студено во првата декада од Ноември на Балканот, а со тоа и во Македонија ќе биде во утринските и во ноќните часови, кога на многу места температурите ќе се спуштаат под нулата, а со тоа ќе има и појава на мраз. Ширум Балканскиот Полуостров, а со тоа и во Македонија понекаде температурите ќе се спуштаат дури и близу -10 степени во утринските и во ноќните часови.
Преку ден сепак температурите ќе бидат над нулата, односно тие ќе се искачуваат до околу 10 степени, локално и малку над 10 степени. Сепак, ќе има места каде температурата и преку ден нема да се искачи над 10 степени, односно таа ќе биде под 10 степени. Се на се, овој студен бран особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, а времето ќе биде стабилно и суво, што значи дека сушниот период продолжува и во првата декада од Ноември.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]