АПРИЛ ОВАА ГОДИНА ПОТОПОЛ ОД ВООБИЧАЕНОТО: Врнежите околу просекот за истиот месец
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.
Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија.
Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.
– Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран.
Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот.
Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.
Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово. -Врнежите беа од дожд и снег.
Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.
Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]