АПЕЛИРАМЕ НА КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ: Попладнево и претстојната ноќ, како и утре особено во западната половина од Македонија обилни врнежи, грмежи и невреме
Попладнево и претстојната ноќ, како и утре, особено во западната половина од Македонија ќе има пообилни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 25 л/м2) силен ветер, силни и чести електрични празнења и со локална појава на град. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на краткотрајно невреме.
Денес температурите остануваат без поголеми промени, додека утре ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.
И во текот на следната седмица продолжува честата појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме, особено во попладневните часови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]