Антициклон ни носи вистинска пролет овој викенд во Македонија, слично време ќе имаме и во почетокот на следната недела!

објавено на:

17 Фев 2024

од:

сподели:

Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, овој врикед времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло, утре со појава на мала до умерена локална облачност.

Утре особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец. 

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаа до околу, или малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели температурите би можело да надминат и 15 степени.

Претежно стабилното и суво време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.