АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Стабилното и суво време продолжува!
Под влијание на Антициклон, до крајот на оваа, како и во најголем дел од следната седмица во Македонија продолжува стабилното, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.
Во недела особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата. Само понекаде тие ќе се спуштаат малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, особено за време на овој викенд.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.