АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ДО КРАЈОТ НА ОВАА РАБОТНА НЕДЕЛА: Топло, стабилно и со рано-летни температури на воздухот
До самиот крај на оваа скратена работна недела, времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво, сончево и натпросечно топло. И понатаму ќе бидеме под влијание на топлата воздушна маса која од северните предели на Африка продира кон нашите краишта. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]