АЛАТКАТА “НОТАС” ПРЕДВИДУВА: Утре (понеделник) во попладневните часови во планинските региони можно е краткотрајно невреме
Алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” за утре попладне предвидува ниво 2 во Македонија, слаб ризик за појава на невреме. Меѓутоа, во планинските региони и тоа особено во западните и во северозападните предели таа проценува и ниво 3, тоа значи засилен ризик од невреме, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за појава на град.
Барем според сегашните проценки на оваа алатка, во Скопје и во останатите градови ќе биде релативно мирно. Со исклучок на некои градови кои се во близина на планините каде е можна појава на краткотрајна нестабилност.

Инаку, како што веќе најавив од утре ќе имаме екстремно топло време со температури кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката “НОТАС” и истата е од голема корист за секој од нас https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by