АЛАРМАНТНО: Опасниот топлотен Африкански бран следната седмица во Македонија би можел да донесе рекодни температури од над 45 степени!
Опасниот топлотен Африкански бран кој ја зафати нашата држава, но и повеќе делови од европа, следната седмица кај нас би можел да донесе рекодни температури на воздухот но и голема суша. Во следните дестина денови нема никаква најава за врнежи и освежување на времето, и ќе има многу сонце, а Ув индексот ќе има екстремно висока вредност (10).
Температурите ќе бидат далеку над просекот и во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, а локално и над 40 степени. Да напоменеме дека кон крајот на следната седмица, барем според сегашните изгледи, температурите особено во централните и во југоисточните предели би можеле да се искачат до рекордни 46, 47 степени. Оваа состојба будно ќе ја следиме и за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани.
Преку ноќ пак температурите особено во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели нема да се спуштаат под 20 степени, тоа значи дека пред нас се “Тропски ноќи”.
Апелираме поради екстремно топлото време, но и поради екстремно високата вредност на Ув индексот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Во Скопје максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 39 степени.
НАПОМЕНА: Горе наведените максимнални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки, и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде можно е дури и до околу 60 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]