АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – МОЖНО Е НЕВРЕМЕ А ЌЕ ИМА И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!
Утре во Македонија ќе имаме уште потопло време за разлика од денес и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Времето ќе биде претежно сончево, додека во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
НАЈАВА ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Во текот на следната седмица нашата територија ќе биде зафатена од серија на влажни воздушни бранови, но и од ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖА воздушна маса од север. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
Локално ќе биде и нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на локално НЕВРЕМЕ, особено во понеделник попладне.
Температурите следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно ќе биде МНОГУ ПОСВЕЖО од вообичаеното и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени во најтоплите југоисточни предели.
Во Скопје исто така во текот на следната седмица ќе има почеста појава на врнежи од дожд. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]