АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НОВО НЕВРЕМЕ И ЛОКАЛНИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ СЕ ОЧЕКУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА!
Под влијание на циклонска активност од југоисток, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, и во следните десеттина денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови.
Од пладне па натака ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните и тоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]