АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВЕЧЕРВА НИ СЛЕДУВА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…

објавено на:

15 Мар 2023

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денов и во текот на ноќта ќе продолжат врнежите од дожд кои ја зафатија нашата држава. Локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 20 л/м2 воден талог). На планините ќе има врнежи од СНЕГ.

Кон крајот на денов и вечерва поради продор на СТУДЕНА воздушн а маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец ( Долж Повардарието повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

На планините и тоа особено на запад и на северозапад ќе се формира снежна покривка од околу 20 цм, додека помала снежна покривка ќе се формира и на местата со надморска височина од околу 1000, локално и под 1000 метри (до околу 10 цм). Во текот на ноќта која што ни следува, како и утре локално провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места (градовите), особено во северните и во западните предели.

Потоа од петок, па за време на викендот следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата (се очекува појава на мраз). Максималните температури особено за викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и БРЗ пораст, па сево ова негативно ќе влијае врз метеопатите, каде се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми, па најдобро истите да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот.

Инаку утре ќе биде релативно ЗИМСКИ ден со потпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 10 степени, но поради СИЛНИОТ ветер кој се очекува температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, со врнежи од дожд до крајот на денешниот ден а ќе започне да дува и ЗАСИЛЕН северен ветер кој ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО намалување на температурите.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]