АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Најавениот влажен бран ќе донесе воден талог од над 30 литри, а на планините снег и над 25 сантиметри!
Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија утре попладне и навечер, како и во вторник и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места ( локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог), и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1000 метри, но не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од Македонија.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
На планините, особено во западните предели, како и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 25 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер, утре од јужен и од југоисточен, а во вторник од северен правец.
Во Скопје исто така со овој влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат во вторник, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Инаку во следниот период очекуваме почести врнежи од дожд, како и снег на планините, што значи пред нас е значително повлажен период, со што очекуваме вистинска снежна бајка на планините, како и на Скијачките центри.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]