АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник
Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, во вторник и во среда повторно во Македонија очекуваме зголемена облачност и врнежи на повеќе места. Особено во вторник на повеќе места ќе биде и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.
Повремени врнежи од дожд и свежо време во овие два дена очекуваме и во Скопје и околината, со тоа што особено во вторник во делови од котлината ќе има и развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие во овие два денови ќе биде под просекот за месец мај и ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени преку ден, што е навистина свежо за средината на месец мај.
Умерен топол бран од Африка нашата територија се очекува да ја зафати од 17 мај, но и тогаш не треба да очекуваме во целост стабилна Атмосфера.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.