Ако ви беше жешко до пред некој ден, денес едвај температурите се искачија до 30 степени – На Попова Шапка пак се измерени дури 10 степени на пладне

Почитувани мои, ако до пред некој ден имавме навистина многу жешко, спарно и мачно време, денес навистина времето е значително посвежо и со потпросечни температури за почетокот на јули. Денес околу пладне или раното попладне на Попова Шапка се измерени есенски 10 степени, во Скопје се измерени 25 степени, додека најтопло попладнево е во Демир Капија каде температурата едвај се искачи до 30 степени.

Утре (четврток) и во петок наутро ќе биде особено свежо, па така температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу 10 степени. На некои места тие се очекува да се спуштат дури и под 10 степени, особено на повисоките населени места.

Потоа од петок, а особено за време на викендот температурите позначително ќе се покачат.

Опасност од ново невреме за среќа засега нема на видик.







Занимливости