АФРИКАНСКАТА ТОПЛИНА НЕМА НАМЕРА ДА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ИЗМЕРЕНИ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ НА САМИОТ КРАЈ ОД АПРИЛ!
Во текот на денешното утро на многу места низ Македонија е забележана појава на слаб до умерен мраз и на слана. Температурите на повеќе места се спуштија до околу, па и под нулата.
Во Берово утринава беа измерени -3 степени, исто толку се измерени и на Скијачкиот центар Попова Шапка каде има нова снежна покривка. Во Маврово и во Лазарополе се измерени -2 степени, Во Крушево и во Крива Паланка температурата се спушти до -1 степен.
На другите места температурите беа околу, или малку над нулата, додека најтопло утринава беше во Гевгелија каде се измерени 8 степени.
До викендов температурите ќе бидат во пораст и на повеќе места преку ден ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, додека во текот на следната седмица на повидок се нови почести и повремено ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи, како и НОВО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кое би можело да донесе и нов снег на планините.
За Африканска топлина кај нас и во регионот ќе се изначекаме.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]