Недела 24 Мај 2026: Силно невреме ќе ја зафати Македонија
Територијата на Македонија во текот на денешниот ден Недела 24 Мај 2026 ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради очекуваните ваквите поинтензивни атмосферски процеси апелирам на поглема внимателност.
Во Скопје и околината исто така во текот на денешниот ден Недела 24 Мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот во текот на денешниот ден Недела 24 Мај 2026 во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by