Балканот е на удар на големо снежно невреме: Ќе падне и до еден метар снег
Силен циклон со центар некаде над Италија ќе предизвика големо снежно невреме и обилни снежни врнежи во поголем дел од Балканот а снег ќе врне со денови. Најпогодени од овие обилни снежни врнежи ќе бидат Словенија, Хрватска, Босна и северот и западот од соседна Србија. Очекувам до 7 Јануари (Среда) да се формира голема снежна покривка на многу места а снежната покривка на повеќе места ќе надминува 50 сантиметри а локално таа ќе изнесува дури и до околу 100 сантиметри снег.
Поради влажниот снег кој го очекувам можни се големи проблеми токму во овие предели од Балканот. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер од јужен а повремено и од североисточен правец.
Барем засега немам некои сериозни најави за обилни снежни врнежи за кај нас во Македонија, секако дека од 8 Јануари па во деновите потоа се поизвесно е ново заладување на времето и продор на ладен бран од север, но дали ова заладување ќе донесе и снег останува да видиме што ќе кажат понатамошните нови ажурирања на прогностичките материјали.
Едно е сигурно, дека Балканот е под закана на големо снежно невреме и огромно количество на снег а во делови од Албанија и Црна Гора постои опасност и од поројни поплави поради очекуваните обилни дождови во следните денови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by