Многу топлото време продолжува, но локално ќе има невреме и пороен дожд!

Во остатокот од оваа недела во нашата Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

Сепак поради продор на малку поладен воздух од север на висина, во нашата Република Македонија ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата  и попладневен развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели каде е можна и појава на краткотрајно невреме.

Во понеделник пак (18 август) во попладневните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер  и со појава на град. Во Скопје  и околината исто така во понеделник попладне (18 август) ќе биде нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер  и со појава на град.

Температурите како што кажав остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 35 степени, во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата исто така ќе надминува 35 степени.

Поради топлиот бран од Африка и многу високите температури на воздухот апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.







Занимливости

  • 09 Јун 2026

    Вчерашното попладне Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија донесе поголема дестабилизација на атмосферата и развој на конвективни облачни грмотевични јадра на повеќе места во Македонија кои беа проследени со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Најинтензивни атмосферски процеси имаше во Охридско - Струшкиот регион како и во Преспа каде имаше појава на силно [...]