АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Следуваат рано – летни температури!
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на топла воздушна маса од југ, од денес (вторник 29 април) па до четврток (1 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток (1 мај).
И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината исто така температурата ќе се искачи до околу 28/29 степени.
Само да напоменам дека утрата ќе бидат посвежи и со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 13 ноември) во нашата Македонија помина во знакот на сончев и релативно топол ден со температури кои беа над просекот за месец ноември. Дуваше слаб ветер претежно од јужен правец. Најтопло денес беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 20 степени. На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени по градови и места [...]


by