СТУДЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ОД ЧЕТВРТОК НАУТРО ТЕМПЕРАТУРИ ОД САМО 5°C

објавено на:

31 Авг 2021

од:

сподели:

Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, кој ќе пристигне утре попладне и навечер и ЗНАЧИТЕЛНО ќе ги спушти температурите на воздухот, особено оние минималните (ноќните и утринските температури). Овој бран ќе услови и појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи во текот на утрешното попладне, особено во северната половина од државава.

Денес и утре максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Додека од четврток максималните температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени во најтоплите предели.  Утре попладне и навечер, како и во четврток ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер (околу 60 км/час) и од северен и од северозападен правец.

Особено ниски утрински температури ќе имаме од четврток кога ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели од државава, па доколку излегувате рано наутро ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете ПОТОПЛА облека. Овие температури ќе бидат и под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.

Во Скопскиот регион за време на овој студен бран се очекуваат минимални температури од само 10 степени, додека максималните ќе бидат значително пониски и ќе се искачат до околу 25 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен и северозападен ветер, особено утре попладне и навечер, како и во четврток.

Одсега гледано, позначителна промена на временската состојба ќе имаме за време на викендот кога се очекува дестабилизирање на времето кај нас и врнежи. Состојбата ќе се следи.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.