СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЗАФАТИ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН – ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД СЛЕДУВА НОВО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

06 Јун 2022

од:

сподели:

Големо невреме проследено со град попладнево ги зафати Делчевскиот и Битолскиот регион. Локално невреме имаше и во другите делови од Македонија, а невремето направи и многу штети ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, исто така невремето и тоа особено во Струмичкиот и Тетовскиот регион услови и локални поплавувања.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во најголем дел од оваа недела времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови  локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пад, најсвежо жќе биде во петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

И во Скопје и околината во следниот период ќе има честа појава на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.  Помали услови за нестабилност во Скопје ќе има само утре.Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 31 степен, а пад на истите се очекува особено во петок кога ќе се искачат до околу 25 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.