СПРЕМАЈТЕ ГИ ЧАДОРИТЕ: ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДНАТА НЕДЕЛА УСЛОВИ ЗА ПРВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ И НА НЕКОИ ПОНИСКИ МЕСТА!

објавено на:

25 Ное 2021

од:

сподели:

Како што веќе најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре и тоа особено претпладне на повеќе места ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе врне снег.

Врнежи од дожд и тоа особено во западните предели ќе има и за време на викендот.

Од утре исто така ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, додека за време на викендот, и тоа поради јужното воздушно струење, температурите ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе има услови за повремен дожд, и тоа особено претпладне, додека за време на викендот условите за врнежи ќе бидат помали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.

РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано, ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, проследено со засилен северозападен ветер и врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините (каде ќе се формира и снежна покривка), но и услови за врнежи од снег и на местата со помала надворска височина се очекува во почетокот од следната недела, односно во текот на ноќта понеделник кон вторник и во вторник.

Ако вака останат работите, значително постудено и тоа под влијание на студен воздушен бран од север кој ќе услови зимски температури, се очекува и на почетокот на декември.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.