СНЕГОТ ДОАЃА НА ПОВЕЌЕТО МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛИ

објавено на:

26 Јан 2021

од:

сподели:

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Поради продор на студена воздушна маса од север од пладневните часови па натаму врнежи од снег ќе има во поголем дел од државава па снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец а температурите значително и нагло ќе започнат да опаѓаат. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, меѓутоа од пладневните часови ќе започнат нагло да опаѓаат.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, од пладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и температурата значително ќе опаѓа. Во делови од Скопската котлина исто така се очекува провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени, од пладневните часови ќе опаѓа.

Потоа локално провејување на снег ќе има и утре, додека во четврток и во петок ќе има преодна стабилизација на времето. Минималните температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите предели од државава. Нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините се очекуваат во текот на ноќта петок кон сабота.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.