СЛАВЧО ПОПОСКИ: ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ ЗАЧЕСТАТ ВРНЕЖИТЕ ОД ДОЖД – ПОИНТЕНЗИВЕН ВЛАЖЕН БРАН ВО ПЕТОК!

објавено на:

22 Ное 2021

од:

сподели:

Како што најавивме, во следните денови времето ќе биде претежно облачно, а особено во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за локален дожд.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Од среда температурите ќе бележат тенднеција на пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Поинтензивен влажен бран кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд на повеќе места се очекува во петок.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно облачно. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 13 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.